Познат наследникот на Венгер

Менаџерското столче за Тухел

Поради очајните резултати во актуелната сезона, Арсенал планира да ја прекине соработката со францускиот стручњак, Арсен Венгер, кој за неколку дена ќе го открие следниот чекор во неговата менаџерска кариера

Поголемиот дел од англиските медиуми се убедени дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на актуелниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Томас Тухел.

Поради очајните резултати во актуелната сезона, Арсенал планира да ја прекине соработката со францускиот стручњак, Арсен Венгер, кој за неколку дена ќе го открие следниот чекор во неговата менаџерска кариера.

Освен Венгер, за време на летниот преоден рок, редовите на Арсенал сигурно ќе ги напушти и германскиот интернационалец Месут Озил и репрезентативецот на Чиле, Алексис Санчез.

Поврзани

Најнови вести

Коментари