Шпанецот конечно се спаси од мизерниот јапонски производител

Мекларен раскина со Хонда, Алонсо останува во тимот

Извори блиски до британскиот тим потврдија дека Мекларен постигнал тригодишен договор со Рено, кој ќе важи од наредната сезона, а со тоа тимот најверојатно ќе успее да го задржи еден од најдобрите возачи во Ф1 шампионатот, Шпанецот Фернандо Алонсо

Формула 1 тимот на Мекларен постигна договор со Хонда околу раскинувањето на договорот, па од нареднта сезона британскиот тим ќе ги користи моторите на Рено.

Јапонската компанија се врати во Формула 1 пред две и пол години, но новата ера со Мекларен не донесе резултати какви што се очекуваа. Во последните три сезони, возачите на британскиот тим имаа многу проблеми поради откажувањата на моторот, па затоа, на голем број трки не успеаја да освојат ниту бод.

Хонда минатата година го унапреди моторот, но годинава покажа дека само се вратиле чекор наназад, па веќе неколку месеци се шпекулираше дека нивната соработка е при крај. Мекларен веќе подолго време бараше нов добавувач на мотори, а Рено се покажа како единствена реална алтернатива на Хонда.

Извори блиски до британскиот тим потврдија дека Мекларен постигнал тригодишен договор со Рено, кој ќе важи од наредната сезона. Со тој договор, Мекларен ќе добие исти мотори како и фабричкиот тим на Рено и Ред Бул, додека Торо Росо ќе ги користи моторите на Хонда, што воедно е дел од договорот. Благодарејќи на заедничкиот договор со Рено, британскиот тим најверојатно ќе успее да го задржи еден од најдобрите возачи во Ф1 шампионатот, Шпанецот Фернандо Алонсо. Како дел од договорот е и Карлос Саинц, кој од Торо Росо ќе премине во Рено и така ќе започне нова авантура со францускиот тим.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози викендов, кога на програмата е Големата награда на Сингапур.

Поврзани

Најнови вести

Коментари