Мекиќ заминува од МЗТ

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ и МЗТ Скопје Аеродром потпишаа раскин на договорот по барање на кошаркарот, кој би сакал да добие тим каде што ќе има поголема минутажа.

Mекиќ настапи на четири средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата сезонава, со просек од три поени за 17 минути кои ги минуваше на паркетот. Нешто поголем му е уделот во средбите од домашниот шампионат, каде што просечно реализираше седум поени со 2,5 скока.

За македонскиот репрезентативец ова беше четврта сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари