РЕАЛ (М) САКА АТОМСКИ НАПАД

Мбапе купен па позајмен

Ситуацијата околу иднината на Мбапе со големо внимание ја следат и раководните лица на францускиот гигант ПСЖ

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), не се откажува од намерата да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на Монако, Килиан Мбапе.

"Кралскиот клуб" е подготвен да одвои околу 160 мил. евра за обештетувањето на Мбапе, но е подготвен да му дозволи на 18-годишниот напаѓач новата сезона да ја одигра како позајмен фудбалер во дресот на Монако.

Ситуацијата околу иднината на Мбапе со големо внимание ја следат и раководните лица на францускиот гигант ПСЖ.

Најнови вести

Коментари