Поранешната на Мартинез разочарана

Марија заврши со фудбалерите

Поранешната девојка на фудбалерот на Баерн (Минхен), Хавиер Мартинез, моделот Марија Имицоз, демантираше дека има врска со фудбалерот Алваро Домингес од Борусија (Мехенгладба).

- Алваро и јас се познаваме многу долго. Се запознавме на Октоберфест пред многу години и од тогаш сме пријатели. Нема ништо повеќе меѓу нас, изјави поранешната девојката на Мартинез.

Марија ја раскина долгогодишната љубовна врска со фудбалерот на германскиот фудбалски шампион во февруари годинава, но продолжи да живее во Минхен. Германските медиуми често ја поврзуваа со неколку актери од зелениот терен, но убавицата ниту еднаш не потврди дека во нејзиниот кревет има друг фудбалер.

Најнови вести

Коментари