ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО НА ВЕДАД ИБИШЕВИЌ

Мама ископа гроб за мене и за мојата сестра

Иако го има прошетано речиси целиот свет и се стекна со голема слава, Ведад остана обичен и скромен

Нема дилема дека Ведад Ибишевиќ е еден од најзначајните и најдобрите спортисти во историјата на БиХ.

Популарниот "Ведатор" го постигна погодокот со кој БиХ обезбеди пласман на СП 2014, а во Бразил го постигна и првиот погодок за националниот тим на едно големо натпреварување.

Последниот квалификациски циклус за СП 2018, БиХ го заврши зад селекциите на Белгија и Грција, а по дуелот против Естонија, Ибишевиќ потврди дека става крај на репрезентативната кариера. Клупската кариера ќе ја продолжи во редовите на германскиот бундеслигаш Херта, а на 82 натпревари кои ги одигра во дресот на националниот тим, Ведад постигна 28 погодоци.

Сепак, неговиот пат до фудбалското небо не беше толку лесен и едноставен. Иако не сака многу да зборува за својот приватен живот, Ибишевиќ откри неколку детали. Со свои очи ја гледаше војната во БиХ и помина низ вистински пекол со својата фамилија.

До мојата куќа имаше шума, а мојата мајка ископа два гроба, за мене и за мојата сестра. Беше широк и долг околу еден метар, а длабок околу пола метар. Ми личеше на гроб. Едно утро не однесе до тоа место кое беше покриено со некакво платно и со перници. Ни кажа дека мора тука да се сокриеме. Тоа утро, на нашата улица пристигна српската војска. Слушнавме како викаат, како навредуваат, како ги обиваат куќите. Јас имав за задача да не и дозволам на мојата сестра да плаче. Ако бевме пронајдени, сигурно ќе не однесеа во некој логор, откри Ибишевиќ.

Четири месеци српската војска тероризираше по селото. Поголем дел од жителите беа убиени, а помеѓу нив беше и дедото на репрезентативецот на БиХ.

Тогаш мојата мајка донесе одлука дека е време да побегнеме во Тузла. Српската војска имаше список со жители кои имаат дозвола да се упатат кон Тузла. Поголемиот дел од нив завршија во Сребреница. Семејството Ибишевиќ не беше на тој список, но мојата мајка реши да влезе во еден од автобусите. Не препозна еден војник, а мојата мајка го наговори да ни дозволи да се упатиме кон Тузла. Му го даде клучот од нашата куќа, додаде Ведад.

Откако пристигна во Тузла, Ведад почна да тренира фудбал, но во 2000 година замина во Швајцарија каде остана 10 месеци. Потоа фамилијата Ибишевиќ се пресели во САД, а во 2003 година беше прогласен за најдобар фудбалер на НЦАА турнирот.

Иако го има прошетано речиси целиот свет и се стекна со голема слава, Ведад остана обичен и скромен.

Никој во Германија не ја знае целата приказна за Ведад за страшната војна, за бегството од БиХ. Не ја знаат ниту во САД. Не ја знаат неговите поријатели, неговите професори или познаници. Знаеше да каже дека се е во ред, дека неговата фамилија имала многу среќа. Мислам дека неговата приказна не ја знае ниту неговата сопруга Зерина. И јас, кој пишував за него книга знам само 20% од тоа што се случило, напиша американскиот писател Рајт Томпсон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари