Мауро Каморанези

Малку фалеше Јуве да потпише со Меси

Можеби Меси со Јувентус не би освоил толку трофеи како со Барселона, но на индивидуално ниво, сигурно ќе освоеше исто толку признанија, изјави Каморанези

Поранешниот играч на Јувентус, Мауро Каморанези, откри дека најголемата ѕвезда на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, за малку ќе го облекол дресот на "старата дама".

Капело уште во тоа време го виде потенцијалот на Меси. За него тогаш рече дека е поинаков играч и дека ќе биде еден од најдобрите во светот. Тој велеше дека треба да почекаме Меси да го достигне својот потенцијал, пред да го купиме, дури и ако треба да потрошиме повеќе од очекуваното. Серија А во тоа време беше многу поконкурентна, беше најдобра лига во светот, а Меси беше многу блиску до Јувентус. ко Јувентус останеше во Серија А и ако го купевме Меси, сигирно ќе ја освоевме Лигата на шампионите. Немам дилема кога е тоа во прашање. Можеби Меси со Јувентус не би освоил толку трофеи како со Барселона, но на индивидуално ниво, сигурно ќе освоеше исто толку признанија, изјави Каморанези.

Поврзани

Најнови вести

Коментари