ВО ЛИОН МИСЛАТ ДЕКА ГО ИМААТ МЕСИ ИЛИ РОНАЛДО

Малку биле 70 мил. евра за Лаказете

Лаказете и во актуелната сезона игра во фантастична форма, а на последните 20 натпревари постигна 16 погодоци

Раководните лица на францускиот гигант, Олимпик од Лион, ја одбија најновата понуда на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, иако челниците на популарните "чекани" беа подготвени да одвојат рекордни 70 мил. евра за обесштетувањето на најдобриот стрелец, Александре Лаказете.

Ваквата сензационална информација ја потврди и првиот човек на "лавовите", Жан Мишел Ола.
Англискиот премиерлигаш втор пат е одбиен иако новата понуда беше за дури 30 мил. евра побогата од таа која беше одбиена пред околу шест месеци, но од Лион повторно порачаа дека повремениот репрезентативец на Франција не е за продажба.

Лаказете е од голема важност за Лион. Имаме шест или седум официјални понуди за нашите фудбалери, но резултатите во Лига 1 и во Лигата на Европа имаат приоритет. Имаме реални шанси да освоиме некој трофеј во актуелната сезона, изјави Жан Мишел Ола.

Лаказете и во актуелната сезона игра во фантастична форма, а на последните 20 натпревари постигна 16 погодоци. Освен Вест Хем, веќе подолг временски период интерес за неговите услуги покажуваат и раководните лица на Арсенал, но тие се уште не испратиле официјална понуда за брзоногиот напаѓач.

Поврзани

Најнови вести

Коментари