Македонија стана пример како во една четвртина се постигнуваат само три поени

По Хрватска, дојде уште еден убедлив пораз за нашата најдобра женска репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година. Италија во Скопје покажа едно лице, а се чини за реваншот на домашен терен го чуваше најдоброто. Избраничките на селекторот, Марјан Лазовски се демолирани со крајни 93:33.

На Македонија и беа потребни осум минути да ги постигне првите поени, по серијата од 21-0 на домаќинот. Двоцифрената бројка „црвено-жолтите" ја минаа во третата четвртина во која реализираа 11 поени, а потоа повторно влегоа во бездна, дури на крајот успеаја да постигнат цели три поени.

ИЗвор: Спортмедиа.мк

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари