Прва победа на кошаркарите во претквалификациите за СП 2019

Македонија го совлада Косово со +13, сега сама ќе си ја крои судбината

Со оваа победа македонските кошаркари ги вратија надежите за пласман на Мундијалот во Кина и сега се се поблиску до пласман во квалификацискиот циклус. За тaa цел, „црвено - жолтите" ќе мора да слават на натпреварот против Естонија, кој го играме за четири дена на гостински терен, и со тоа да ја оправдаме фаворитската улога во групата која ни припаѓаше пред претквалификациите.

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа во третиот натпревар во претквалификациите за пласман на СП во 2019 година, откако во Вип Арената „Борис Трајковски" славеше над Косово со 87:74.

Косовските кошаркари добро го започнаа натпреварот, па по првите десет минути направија предност од три поени (22:19). Во втората четвртина, противникот ја одржаваше својата предност, и на пауза замина со плус еден (41:40).

Македонските кошаркари во третиот период конечно заиграа онака како што треба, откако погодија неколку кошеви во серија и го превземаа водството во своја корист. На крајот од оваа четвртина направија предност од девет поени и влегоа во последните десет минути со резултат од 63:54. Во четвртата четвртина успеавме да ја одржуваме предноста од 10 поени, на две минути до крајот имавме и плус 12, и на крајот сосема заслужено победивме.

Најефикасен во нашиот национален тим беше Џордан Теодор со 24 поени, додека Александар Костоски постигна 16 коша. На спротивната страна одлична партија имаше Ругова со 17 поени, додека Бамфорт уфрли 15 коша.

Со оваа победа македонските кошаркари ги вратија надежите за пласман на Мундијалот во Кина во 2019 година и сега се се поблиску до пласман во квалификацискиот циклус. За тоа, „црвено - жолтите" ќе мора да слават на натпреварот против Естонија, кој го играме за четири дена на гостински терен, и со тоа да ја оправдаме фаворитската улога во групата која ни припаѓаше пред претквалификациите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари