Згодната Русинка плени со својата убавина

Лопирева го стави во сенка Роналдо

Атрактивната манекенка Викторија Лопирева се почесто е во центарот на вниманието на спортската јавност, откако на Купот на конфедерациите со нејзината убавина ги стави во втор план фудбалските ѕвезди. Таа, воедно, е и амбасадорка на Светското првенство во Русија, кое ќе се одржи наредната година, па уште од сега става до знаење дека ќе биде главна атракција на Мундијалот

Лопирева на отворањето го стави во сенка првиот човек на Русија, Владимир Путин, откако продефилира на зелениот терен на новиот стадион на Зенит.

Поранешната мисица на Русија, која медиумите ја прогласија за најатрактивна навивачка, воедно е и пријателка со најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, а исто така неодамна беше видена и во друштво на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Ѓоковиќ е мојот омилен тенисер и најдобар пријател. Тој е голем човек. Среќно во претстојните турнири, изјави Русинката.

Најнови вести

Коментари