Лига на нации: Ерменија најсериозен противник на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во Групата-4 во новоформираната Лига на нации на УЕФА. Противници на „црвено-жолтите“ ќе им бидат селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Натпреварите во Лигата на нации ќе стартуваа од септември годинава, а ќе се играат шест кола, по две во септември, октомври и ноември.

Македонија според коефициентот беше носител во Д лигата откаде победниците на четирите групи за наредното издание на Лигата на нации ќе изборат пласман во Ц лигата.

Исто така селекциите кои ќе ги освојат групите ќе играат во плеј-офот во март 2020 година, кога ќе треба да се добијат последните четири патника за Европското првенство во 2020 година.

Д лига:

Група 1: Грузија, Латвија, Казахстан, Андора
Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
Група 3: Азербејџан, Фарски острови, Малта, Косово
Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари