Кливленд анулиреше негатива од 26 поени против Индијана

Леброн Џејмс игра како „дрогиран"

Ѕвездата на шампионот успеа на вечната листа на стрелци да го мине Коби Брајант. Кавси имаа негатива од 26 поени, но на крајот успеаја да ја совладаат Индијана со 119:114 за водство од 3-0 во плејофот. Леброн средбата ја заврши со трипл-дабл од 41 поен, 13 скока и 12 асистенции.

 

Првата ѕвезда на шампионот во НБА лигата, Кливлен кавалирс, Леброн Џејмс, беше клучниот играч за големиот пресврт на својот тим во третиот плејоф дуел против Индијана. Ѕвездата на шампионот успеа на вечната листа на стрелци да го мине Коби Брајант. Кавси имаа негатива од 26 поени, но на крајот успеаја да ја совладаат Индијана со 119:114 за водство од 3-0 во плејофот. Леброн средбата ја заврши со трипл-дабл од 41 поен, 13 скока и 12 асистенции.

„Кралот" во големата победа на својот тим успеа да го престигне легендарниот Коби Брајант (5.640) на листата на најдобри стрелци во плејофот натпреварите и сега има 5.670 поени. Пред него се Карим Амбул Џабар со 5.762 поени и Мајкл Џордан со 5.987 поени.

Мемфис го совладаа Сан Антонио во третиот плејоф меч со 105:94 и намалија на 2:1 во победи.
Кошаркарите на Мемфис го искористија домашниот терен и го совладаа Сан Антонио со 105:94 и намалија на 2:1 за продолжување на надежта за пласман во конференциското полуфинале. За Гризлис ова беше прва победа над Спарси во плејофот по 2011 година.

Мајк Конли со 24 поени и 8 асистенции беше најефикасен кај победникот, Марк Гасол и Зек Рендолф имаа по 21 поен. На другата страна Кавај Леонард имаше 18 поени, додека ЛаМаркус Олдриџ постигна два помалку. Аргентинецот, Ману Џинобили го одигра својот 200. меч во плејофот.

Кошаркарите на Милвоки го совладаа Торонто со убедливи 104:77 и поведоа со 2:1. Крис Мидлтон со 20 поени го предводеше својот тим, кај гостите Кајл Лаури и Делон Рајт имаа по 13 поени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари