Лазаров не се предава: Бидете трпеливи, ги чекам анализите од прегледите

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, упати смирувачка порака до македонската јавност и истакна дека и натаму постојат шанси тој да биде дел од претстојните натпревари на нашите ракометари на Европското првенсво во Хрватска.

„Сè уште правиме анализи. Не можам ништо да кажам, бидете трпеливи“, изјави предводникот на националниот тим.

Пред оваа изјава на еден од најдобрите ракометари во светот, многу се шпекулираше за неговото враќање во натпреварите, а во главно прогнозите беа негативни, па дури и ЕХФ објави дека Лазаров нема да игра до крајот на првенството.

Во текот на утрешниот ден би требало официјално да биде потврдено од страна на РФМ дали Лазаров ќе биде во тимот за мечот со Чешка кој ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути. Веќе следниот ден, среда, нашата репрезентација го игра и последниот натпревар од групата во Вараждин против фаоворизираната селекција на Данска. Доколку „црвено-жолтите“ се изборат за победа на овие дуели и натаму имаат шанса за посакуваното полуфинале.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари