Српскиот тенисер во големи проблеми

"Лакоста" ќе го раскине договрот со Ѓоковиќ

Доколку српскиот тенисер се одлучи за варијантата до крајот на сезоната да не учествува на турнирнирите, се поизвеснои е дека ќе испадне од Топ 10, а тоа би ја променило и соработката со брендот "Лакоста".

 

Во исчекување на одлуката на Новак Ѓоковиќ за тоа како да се санира повередата на лактот на десната рака заради која го предаде четвртфиналниот натпревар на Вимблдон, на големо се шпекулира кои ќе бидат последиците за четвртиот тенисер во светот.

Доколку српскиот тенисер се одлучи за варијантата до крајот на сезоната да не учествува на турнирнирите, се поизвеснои е дека ќе испадне од Топ 10, а тоа би ја променило и соработката со брендот "Лакоста".

Новак со францускиот бренд потпиша договор пред почетокот на Ролан Гарос, а неговото отсуство од теренот би можело да резултира со промена во иплатата, па дури идоговорот да биде раскинат. Паузата до крајот на годината би значело дека Новак ќе испадне од топ 10, а тоа сигурно би влијаело на неговиот договор. Кога се составуваат таквите договори, спонзорот води сметка што потпишува со спортистот. Парите што ги добива Новак се поврзани со неговиот ранг на АТП листата и бројот на турнири кои ги игра на годишно ниво. Секое отстапување од тоа може да доведе до смачување на финансискиот дел, но и до раскинување на договорот.

Лакоста е голем бренд и нема долго да го трпи отсуството на Новак, особено на почетокот од нивната соработка, се зборовите на неколку извори на "Информер", специјализираниот сајт за спонзорски договори.

-Брендот може да го чека спортистот да се врати на теренот од шест месеци, до една година, зависи од договорот. Ѓоковиќ во одреден момент ќе мора да се појави на некои турнири, макар и да испадне во првото коло. Сето ова само да го зачува договорот, вели неименуван извор на "Информер".

Она што е најважно е дека Србинот ќе донесе одговорна одлука за него и неговите соработници, меѓу кои се и спонзорите, за кои и претходно истакнуцваше дека има голема одговорност.
Нормално, не поголеми од одговорностите кои ги има кон себе.

Кога Ѓоковиќ го заврши настапот на Вимблдон, "Лакоста" на Твитер му испрати порак:
Опорави се брзо, ти посакуваме се најдобро и брзо враќање на тернот!

Поврзани

Најнови вести

Коментари