УЕФА му ги помати сметките на германскиот вицешампион

Лајпциг може да го загуби местото во Лигата на шампионите

Причина за тоа е сопственикот на клубот, односно компанијата Ред Бул, која има два клуба, едниот е Лајпциг, другиот австриски Салзбург, а според тие пропозиции УЕФА не дозволува два тима со ист сопственик да бидат дел од ЛШ

Германскиот вицешампион, Лајпциг, се наоѓа во голем проблем поради фактот што овој тим, иако за прв пат во клупската историјата обезбеди пласман во Лигата на шампиони, нема да може да настапи во елитното натпреварување наредната сезона. Причина за тоа е сопственикот на клубот, односно компанијата Ред Бул, која има два клуба, едниот е Лајпциг, додека другиот австриски Салзбург, а според тие пропозиции Европската фудбалска федерација (УЕФА) не дозволува два тима со истт сопственик да бидат дел од ЛШ.

Германците за првпат во историјата би требало да заиграат во елитното натпреварување и тоа директно во групната фаза, додека Австријците како прваци на оваа земја ќе играат во квалификациите.

Во тој случај еден клуб не би можел да игра во Лигата на шампионите, а по редот на нештата тоа би требало да биде Лајпциг, бидејќи Салзбург е во предност како првак на својата земја, додека Германците завршија на второто место во Бундеслигата, зад Баерн од Минхен. УЕФА смета дека ниту едно физичко или правно лице не смее да има истовремено влијание во два клуба кои изминатава година имаа одлична соработка преку позајмици на играчите.

Затоа ќе биде интересно да се види што ќе се случи на крајот и дали сензационалниот Лајпциг ќе остане без историското учество во најсилното клупско натпреварување, и тоа, по дебитантската сезона во Бундес лигата.

Исто така, ако тоа се случи, во Херта се надеваат дека ќе добијат голем подарок. Клубот од Берлин во последното 34. коло се наоѓа на петтото место, а игра против Баер од Леверкузен на кого не му се значајни бодовите, па најверојатно ќе извојува победа, која му дава надеж за ЛШ. Ако Лајпциг мора да игра во Лигата на Европа, за Лигата на шампионите би се отворил простор за првиот следен клуб по Баерн (М), Борусија (Д) и Хофенхајм кој не би играл квалификации, туку директно би влегол во Лигата на шампионите, па Херта преку плејофот на лето би се обидела да дојде до групната фаза од натпреварувањето.

Од друга страна, може да се случи УЕФА да им даде време на двата клуба, односно на Салзбург, и да види дали австрискиот првак ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите преку квалификациите. Ако успее во тоа, тогаш Лајпциг сигурно нема да добие шанса во ЛШ, но доколку Салзбург биде елиминиран во квалификациите за ЛШ и притоа обезбеди пласман во Лигата на Европа, тогаш Лајпциг би си го добил заслуженото место во Лигата на шампионите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари