Вицешампионот ослабен и во Москва

Кузмановски нема да игра ниту против Чеховски Медведи

Капитенот на македонскиот ракометен вицешампион Филип Кузмановски, ќе остане надовр од теренот подолго отколку што се мислеше. Бекот на Металург се повреди на натпреварот со ППД Загреб, во СЕХА лига, но беше констатирано дека нема фрактура и дека повредата е безопасна.

Но, на целата белја се надоврза и некоја вирусна инфекција, па мораше да го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите со Мотор Запорожје.

Ситуацијата излезе дека не е наивна, па од клубот потврдија дека тој нема да патува ниту во Москва, а најверојатно нема да игра ниту на 18 октовмри во Скопје со екипата на Горење во рамките на СЕХА лига.

Мошне веројатно нема да биде ниту на располагање на Раул Гонзалез за тренинг со македонската репрезентација. Враќање на теренот е за очекување на напреварот со Чеховски медведи што ќе се игра во Скопје. Таа средба е закажана за 4 ноември.

Поврзани

Најнови вести

Коментари