Куп на Шпанија: Атлетико на Севилја во четврт-финалето

Атлетико Мадрид-Севилја е четврт-финалното дерби во фудбалскиот Куп на Шпанија.

Денешната ждрепка им донесе противници по мерка на другите фаворити Барселона, Реал и Валенсија.

Реал во двомечот ќе игра против градскиот ривал Леганец, Валенсија го доби Алавес, а и Барселона ја очекува градска пресметка со Еспањол.

Куп на Кралот:

Валенсија-Алавес
Леганес-Реал Мадрид
Еспањол-Барселона
Атлетико Мадрид-Севилја

Првите натпревари ќе се одиграат на 17.јануари, а реваншите се една недела подоцна.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари