СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА НА БОНУЧИ

Крос во средниот ред на Јувентус

Големата желба на трофејниот стручњак може да стане реалност само доколку официјалната понуда за искусниот играч за врска не биде помала од 50 мил. евра

Предводникот на италијанскиот калчо гигант, тимот на Јувентус, Масимилиано Алегри, сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на германскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Тони Крос.

Големата желба на трофејниот стручњак може да стане реалност само доколку официјалната понуда за искусниот играч за врска не биде помала од 50 мил. евра.

Поголемиот дел од парите кои се потребни за да се осигураат услугите на Крос се обезбедени од продажбата на Леонардо Бонучи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари