Се бара партнер за Игуаин

Корпа од Диего Коста

Доколку се пресели во Кина, поранешниот напаѓач на Атлетико (М) и на Ваљадолид, ќе си обезбеди рекордна годишна плата од 40 мил. евра

Најдобриот голгетер во редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Диего Коста, експресно ја одбил понудата која ја добил од раководните лица на италијанскиот калчо гигант Јувентус.

Шпанскиот интернационалец не е заинтересиран за преселба во Торино, затоа што на неговата адреса пристигнале далеку побогати понуди кои се дело на најбогатите клубови од кинеската Супер лига.

Доколку се пресели во Кина, поранешниот напаѓач на Атлетико (М) и на Ваљадолид, ќе си обезбеди рекордна годишна плата од 40 мил. евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари