Коста ќе добие одлична замена

Конте лобира за Мбапе

Англиските медиуми шпекулираат дека во следните неколку недели, лондонските "сини" ќе испратат официјална понуда за 18-годишниот напаѓач која нема да биде помала од 70 мил. евра

Менаџерот на лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Челзи, Антонио Конте, побара од клупските челници да испратат официјална понуда за најдобриот фудбалер од редовите на францускиот прволигаш Монако, Килиан Мбапе.

Англиските медиуми шпекулираат дека во следните неколку недели, лондонските "сини" ќе испратат официјална понуда за 18-годишниот напаѓач која нема да биде помала од 70 мил. евра.

Веќе не е никаква тајна дека бомбардерот на Монако е најголема желба и на раководните лица на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал (М), Барселона, Интер и на ПСЖ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари