Мино Раиола

Ќе морам да ги разочарам „наполитанците“

Италијанските медиуми веќе неколку недели ја форсираат приказната дека шведскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед сака да го облече "азурниот" дрес, но Раиола откри дека станува збор за невозможна мисија

Најпознатиот фудбалски менаџер на денешницата, Мино Раиола, стави крај на сите шпекулации околу можниот трансфер на Златан Ибрахимовиќ во редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи.

Италијанските медиуми веќе неколку недели ја форсираат приказната дека шведскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед сака да го облече "азурниот" дрес, но Раиола откри дека станува збор за невозможна мисија.

Прочитав за шпекулациите по весниците, но за жал ќе морам да ги разочарам „наполитанците". Овој клуб не е дел од нашите планови. Работите во животот со менуваат, но во овој случај тоа е речиси невозможно. Знам дека Де Лаурентис има високо мислење за Ибра, но ние никогаш не сме разговарале на оваа тема, изјави Раиола.

Поврзани

Најнови вести

Коментари