ЕХФ

Кире Лазаров најдобар европски ракометар за месец декември

Капитенот на македонскат ракометна репрезентација Кире Лазаров е најдобар европски ракометар за месец декември, објави ЕХФ преку својата официјална веб-страница.

Европската куќа на ракометот од неодамна избира најдобар ракометар и ракометарка за секој месец во календарската година, а овојпат признанието завршува во рацете на македонскиот десен бек.

За мене е голема чест што сум избран за најдобар ракометар во декември, уште повеќе бидејќи ова ми е прва ваква награда. Поради големите ѕвезди кои играат ширум Европа јасно е дека конкуренцијата за оваа награда е голема, што ме прави уште позадоволен. Им благодарам на сите оние кои гласаа за мене – изјави Лазаров.

Зад капитенот на македонската репрезентација се најде голманот на Киелце, Филип Ивиќ, потоа Јонас Калман од Пик Сегед, Хулен Агинагалде од Киелце и Алекс Душебајев од Вардар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари