ЕВЕРТОН ИМА НОВ ПЛАН

Кавани наследник на Лукаку

Интерес за услугите на искусниот напаѓач покажа и актуелниот шампион на Англија, тимот на Челзи

Англискиот премиерлигаш Евертон е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на уругвајскиот интернационалец од редовите на вицешампионот на Франција, екипата на ПСЖ, Единсон Кавани.

Искусниот напаѓач сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, но заинтересираниот клуб ќе мора да испрати официјална понуда која нема да биде помала од 50 мил. евра.

Интерес за услугите на искусниот напаѓач покажа и актуелниот шампион на Англија, тимот на Челзи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари