Се загрева атмосферата пред четвртфиналето во ЛШ

Карлсон: Вардар можеме да го победиме само со цврста одбрана

Германскиот бундеслигаш Фленсбург утре (17.30 ч.) во „Фленс Арена" ќе го пречека македонскиот шампион Вардар, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. За разлика од прв четвртфинален дуел меѓу овие екипи во Лигата на шампионите пред три години, овој пат бундеслигашот му ја препуштаат фаворитската улога на Вардар за пласман на фајнлфор турнирот.

-Момент во нападот функционираме извонредно. Но, одбраната ќе биде клучното прашање и тука мора да се подобриме – истакнува тренерот на Феленсбург, Љубомир Врањеш.

И во едниот и другиот табор се уште е во добро сеќавање драматичното четвртфинале во ЛШ од 2014. Тогаш Фленсбург победи на домашен терен со 24:22, а на реваншот во Скопје, славеше Вардар со 25:27, но германскиот тим со повеќе постигнати голови во гости се пласира на Ф4

-Во мислите ни е тоа дека може да го повториме она што го направивме пред три години. Против ваква силна екипа како Вардар, одбраната ќе биде клуч за успехот истакнува капитенот на Фленсбург, Тобиас Карлсон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари