Потешко не можеше

Кадетките во групата на смртта

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 – години ги доби противниците во групата на Европското првенство, кое ќе се одржи во Целје, Словенија. Избраничките на Борче Марковски пред ждрепката беа рангирани во четвртиот шешир и со оглед на противниците кои ги добија ќе имаат тешка задача да се пласираат во вториот круг.

Македонија ќе игра во групата Б, каде што ќе бидат уште и европските и светски велесили, Норвешка и Русија, кои секогаш имаат одлични резултати во младинските категории, а тука е и квалитетната селекција на Хрватска. Двете првопласирани селекции од секоја група ќе играат во нови две групи во главната рунда, од каде пак ќе се бараат патниците во полуфиналето. Шампионатот ќе се игра од 27 јули до 6 август.

Група А: Холандија, Романија, Унгарија, Шведска
Група Б:Македонија, Норвешка, Русија, Хрватска
Група Ц: Србија, Германија, Шпанија, Франција
Група Д: Црна Гора, Португалија, Данска, Словенија

Поврзани

Најнови вести

Коментари