СИТЕ И СЕ НАМЕРАЧИЈА НА "СТАРАТА ДАМА"

Јуве под истрага поради соработката со мафијата

Сепак, раководните лица на "старата дама" експресно ги демантираа таквите шпекулации кои се топ тема во сите спортски медиуми во Италија

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Италија, покрена постапка против актуелниот шампион, тимот на Јувентус, поради информацијата дека клупските челници пордавале влезни билети на навивачите кои пак биле во блиска врска со италијанската мафија.

Сепак, раководните лица на "старата дама" експресно ги демантираа таквите шпекулации кои се топ тема во сите спортски медиуми во Италија.

Заедно со Франческо Калво, кој во тоа време ја извршуваше функцијата на клупските директор, Алесандро Д'Анџели и Стефано Меруло, бев повикан на сослушување. Овој клуб, како и јас, немаме ниту една причина за да лажеме и затоа стојам пред вас. Обвинети сме за соработка со организиран криминал. Овој удар го трпам веќе повеќе од десет години. Ни ја одзедоа шампионската титула, бевме исфрлени од италијанската Серија А и бевме прогласени за виновни затоа што сме влијаеле врз судиските одлуки. Никогаш сум немал некаква средба со мафијата. Имав најразлични разговори со водачите на навивачите групи, што е нормално за еден клупски претседател. Водачите на навивачките групи не се цвеќе за мирисање? Да, точна е оваа констатација, но тие немаат никаква забрана за да дојдат на нашиот стадион, изјави претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Како и пред 11 години, Јувентус повторно е во центрот на фудбалското внимание поради информациите дека повторно е во блиска врска со италијанските судии кои во актуелната сезона немаат досудено пенал за противникот на "старата дама# и се уште не покажале ниту еден црвен картон за некој фудбалер на Јуве.

Поврзани

Најнови вести

Коментари