Ракомет

Исланд дефинитивно без Палмарон на СП

Ракометната репрезентација на Исланд, ќе биде без еден од главните ракометари Арон Палмарсон на Мундијалот во Франција. Палмарсон дефинитивно отпадна од комбинација за настап на СП. Тој во изминатиот период се мачеше со повреда и иако пристигна во Франција, сепак, нема да биде дел од репрезентацијата.

-По деталната анализа на ситуацијата во текот на минатата ноќ, стручниот штаб и лекарскиот тим решија Арон Палмарсон да не настапи на ова Светско Првенство. Тој ќе се врати назад во Исланд, каде ќе продолжи со рехабилитациската програма" – се вели во соопштението на Исландската ракометна федерација.

Исланд го отвора СП со главниот фаворит во групата Шпанија, а мечот против Македонија го игра на 19 јануари од 17.45 часот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари