Им го украде на Јувентус

Интер и официјално го донесе првото зимско засилување

Челниците на Интер пред неколку дена најавија дека во јануари со сигурност ќе се доведат неколку засилувања, а првото пристигна денеска

Интер на својата официјална страна денеска објави дека е реализиран трансферот со Роберто Галијардини, и дека овој сега веќе поранешен играч на Аталанта пристигнал на позајмица до крајот на сезоната. Галијардини пристигна на „Џузепе Меаца" на позајмица, но Интер е обврзан да го откупи неговиот договор на крајот од истата.

Со задоволство сакаме да објавиме дека Роберто Галијардини е нов фудбалер на Интер. Овој 22-годишен фудбалер пристигна од Аталанта на двегодишна позајмица, соопштуваат од италијанскиот клуб.

Доаѓањето на Галијардини ќе го чини Интер два милиони евра што се однесува до позајмицата, а за две години на сметката на Аталанта ќе мора да уплати уште 20 милиони евра. Овој фудбалер по потписот на договорот кратко истакна дека е воодушевен што потпишал за Интер и дека со овој трансфер го остварил својот сон.

Овој млад играч за врска, на кого стручњаците му предвидуваат блескава кариера, е еден од најзаслужните за одличните резултати на Аталанта сезонава, а доаѓањето во Интер е вистинско изненадување, со оглед на тоа дека Јувентус беше исклучително загреан за неговите услуги и се сметаше дека неговото доаѓање во Торино е веќе решена работа, но „нероазурите" во последен момент успеаја да го украдат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари