И Карпош соколи му зема мерка на шампионот

Ако по утрото денот се познава, лошо му се пишува на МЗТ Скопје

Ако по утрото денот се познава, лошо му се пишува на актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје. По поразот од Задар од пред неколку дена, „металците" со пораз ја старуваа и одбраната на титулата во домашното првентво, откако пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански" загубија од екипата на Карпош соколи со 85:83, во послениот натпревар од првото коло

Избраниците на Борче Даскаловски со разновидна тимска игра одлично му парираа речиси во секој сегмент на шампионот, како да сакаа да му докажат дека не случајно минатата сезона се сретнаа во големото финале од домашното првенство. Со оваа победа „соколите“ делумно му се реваншитраа на тимот од Аеродром за минатогодишната титула.

Освен на почетокот на натпреварот, МЗТ Скопје во преостанатиот дел од натпреварот бркаше резултатска негатива, која во голем дел беше и двоцифрена, па постојано со брзи шутеви се обидуваше да дојде до пристојна разлика, но на крајот мораше да се соочи со прв пораз.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дарко Сколов со 19 поени, Чомагиќ постигна 16, додека Браун го заврши натпреварот со 15 коша. На спротивната страна убедливо најрасположен беше Бојан Трајковски со 34 поени.

Ова е втор пораз во низа на домашен терен, трет вкупно, за избраниците на Алксандар Тодоров, откако пред неколку дена загубија и од екипата на Задар, која речиси со една петорка успеа да слави во рамки на третото коло во Регионалната АБА лига.

Фото: Д. Митрески

Поврзани

Најнови вести

Коментари