КЛОП СТАВИ КРАЈ НА СИТЕ ДИЛЕМИ

Харт не е голман за Ливерпул

Пред еден месец, Џо Харт изјави дека не може да се замисли повторно во дресот на Манчестер Сити и дека не планира да се врати на "Итихат" на крајот од актуелната сезона

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп, стави крај на новинарската шпекулација дека првиот голман на италијанската Серија А, Џо Харт, во новата сезона ќе престојува на "Енфилд".

Поголемиот дел од англиските медиуми ја пласираа информацијата дека раководните лица на Ливерпул и на Манчестер Сити се многу блиску до договор околу обесштетувањето на искусниот голман, кој најверојатно ќе биде продаден за 24 мил. евра.

Станува збор за одличен голман, за многу квалитетен голман. Сепак, Харт не е за нас во овој момент, а нема да биде за нас ниту во блиската иднина, изјави Клоп.

Голема е веројатноста дека репрезентативецот на Англија ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, но германскиот стручњак откри дека е задоволен од ефектот на своите голмани, Симон Мињоле и Лорис Каријус.

Пред еден месец, Џо Харт изјави дека не може да се замисли повторно во дресот на Манчестер Сити и дека не планира да се врати на "Итихат" на крајот од актуелната сезона.

Поврзани

Најнови вести

Коментари