Марк Вебер верува во поранешните шампиони

Хамилтон и Фетел се фаворити за титулата во Ф1

Поранешниот Ф1 возач, Австралиецот Марк Вебер, изјави дека борбата за титулата во 2017 ќе биде меѓу три тима - Мерцедес, Ферари и Ред Бул, но дел од возачите на овиe болиди нема рамноправно да се борат за шампионската круна

Тој смета Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и двајцата возачи на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен ќе бидат во конкуренција до последен здив за титулата во набрзиот циркус на денешницата.

Мерцедес и оваа сезона стартуваат како фаворити за титулата со Хамилтон и со новиот возач, Финецот Валтери Ботас, кој дојде од екипата на Вилијамс, како замена за пензионираниот светски шампион, Германецот Нико Розберг.

Прво, жал ми е што ја почнуваме сезоната без светскиот шампион. Нико реши да ужива во своето семејство, пријателите и забавата која не се наоѓа во Формула 1. Бидејќи и јас сега водам таков живот, го разбирам. Борбата за титулата затоа ќе биде меѓу Хамилтон и Фетел, но и Рикардо и Ферстапен. За Ботас не сум сигурен дека е подготвен за такво нешто, изјави Вебер.

Новата сезона во Формула 1 страртува во 26. март со Големата награда на Австралија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари