СЕ ЗНАЕ НАСЛЕДНИКОТ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Гризман во Реал (М) за 100 мил. евра

Според претседателот на "кралскиот клуб", брзоногиот напаѓач може да биде идеален наследник на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, и поради таа причина, Перез е подготвен да одвои 100 мил. евра за обесштетувањето

Првиот човек на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Флорентино Перез, е подготвен да ја исплати ослободителната клаузула која постои во договорот на францускиот интернационалец од редовите на лутиот градски ривал, Атлетико (М), Антоан Гризман.

Според претседателот на "кралскиот клуб", брзоногиот напаѓач може да биде идеален наследник на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, и поради таа причина, Перез е подготвен да одвои 100 мил. евра за обесштетувањето.

Познатиот шпански новинар, Едуардо Инда, ги откри сите причини за реализација на овој спектакуларен трансфер.

Гризман имаше ослободителна клаузула од 100 мил. евра, потоа таа се зголеми на 200 мил. евра, но ова лето беше намалена на 100 мил. евра. Челниците на Реал (М) веруваат дека Гризман ќе биде идеална алтернатива за Кристијано Роналдо кој не е вечен. Гризман има 26 години, Роналдо има 32, а Бензема во декември ќе наполи 30 години, изјави Инда.

Најголем ривал на Реал (М) ќе биде англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед кој исто така е подготвен да ја исплати ослободителната клаузула.

Најнови вести

Коментари