Гризман би сакал да игра со Нејмар и Мбапе

Антоан Гризман е тема со која редовно се занимаваат француските медиуми. Според нивните шпекулации, најдобриот играч на ЕВРО 2016, не во јануарскиот туку во летниот преоден рок ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Напаѓачот на Атлетико со националниот тим се подготвува за пријателскиот натпревар во Германија, против актуелниот светски првак. Франција во петокот играше против Велс, а Гризман го постигна првиот гол во победата 2:0.

Гризман во изминатиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, но остана во клубот откако „јорганџиите“ поради суспензијата од ФИФА останаа без можност да реализираат трансфери.

Напаѓачот лошо ја почна клупската сезона, во сите натпреварувања има постигнато само три гола, што дополнително ги подгрева шпекулациите за некакво незадоволство и можно заминување од клубот.

За државната француска телевизија тој потврдно одговорил на прашањето дали би сакал да игра покрај Нејмар и Мбапе во Пари Сен Жермен.

Иднината на напаѓачот ќе биде позната наредното лето бидејќи нереално е тој да замине во јануарскиот преоден рок, односно некој да издвои 200 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула.

Од друга страна, претседателот на Атлетико пред неколку дена изјави дека е иднината на Гризман е во Атлетико.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари