ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ОДЛИЧНИТЕ ПАРТИИ ВО ДРЕСОТ НА ЛИДС

Градите на Ема го мотивираат Македонецот

На друштвените мрежи има се поголем број на коментари според кои фудбалерите на Лидс даваат се од себе за да се истакнат за време на натпреварот и потоа да дадат ексклузивно интервју за атрактивната Ема

Ако можеби се прашувавте како екипата на Лидс Јунајтед го дели првото место во англиската Чемпионшип лигата (второ по квалитет натпреварување), одговорот на ова прашање можеби ќе биде прекрасната Ема Луис Џонс.

Атрактивната ТВ-водителка на клупскиот канал на Лидс како да е екстра мотивација за фудбалерите кои играат фантастично на почетокот од новата сезона и се на добар пат, најпосле да обезбедат пласман во Премиер лигата.

На друштвените мрежи има се поголем број на коментари според кои фудбалерите на Лидс даваат се од себе за да се истакнат за време на натпреварот и потоа да дадат ексклузивно интервју за атрактивната Ема.

Моментално, најголеми шанси да биде еден на еден со Ема има репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски, кој игра фантастично на стартот од новата сезона и веќе е миленик на најверните фанови на англискиот клуб.

Македонскиот интернационалец има статус на стандарден првотимец, а на одиграните седум натпревари постигна два погодока и запиша неколку асистенции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари