Страшно

Голема трагедија: Олимпиец загина во сообраќајна несреќа пре очите на Усеин Болт

Британскиот атлетичар Џермејн Мејсон кој освои сребрен медал на Олимпијадата во пекинг почина во сообраќајна несреќа.

Тој во својата родна татковина Јамајка го загуби животот откако падна од мотор, обидувајќи се да избегне кола која имала неправилно движење. Според информациите од тамошната полиција, Мејсон починал на самото место.

Џермејн во финалето во скок во височина на Игрите во Пекинг имаше остварување од 2.34 метри што беше доволно за сребрен медал.

Прва на местото на настанот стигнал осумкратниот олимписки шампион Усеин Болт, кој со Мејсон бил многу близок пријател и често заедно возеле мотори.

Поврзани

Најнови вести

Коментари