Монте Карло

Гофан го спакува Новак Ѓоковиќ

Белгискиот тенисер Давид Гофан го елиминираше вториот носител од мастерс турнирот во Монте Карло, Србинот Новак Ѓоковиќ совалдувајќи го со 2:1 во сетови. Тој се пласира во полуфиналето каде ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Диего Себастијан Шварцман.

Гофан одлично го почна мечот и првиот сет го доби со 6:2. Ѓоковиќ успеа да ја подобри својата игра во вториот сет и возврати со 6:3, а потоа се играше интересен трет сет. Белгиецот имаше повеќе нерви и сили во завршницата и успеа да го комплетира мечот добивајќи го третиот сет со 7:5.

Најнови вести

Коментари