Ајзеа Томас се присети за пеколот кој му се случил

Го преживеа најтешкиот момент во приватниот живот, но тоа му помогна да ја одигра најдобрата сезона во НБА

Големиот пад во животот на плејмејкерот се случи откако неговата сестра загина во сообраќајна несреќа. И покрај тоа Томас стегна заби и покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата

Новиот член на екипата на Кливленд, Ајзеа Томас, изјави дека 2017 година му била катастрофална во приватниот живот, иако имаше сезона од соништата во најквалитетната кошаркарска лига - НБА. Големиот пад во животот на плејмејкерот се случи откако неговата сестра загина во сообраќајна несреќа. И покрај тоа Томас стегна заби и покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Кошарката ми помага да го заборавам болното чувство кое го имам во себе. Теренот е единственото место на кое се чувствувам добро. Кога сум дома само размислувам за мојата сестра, што е навистина болно, додека на теренот сум потполно слободен, откри Томас.

Тој воедно беше дел од трејдот кој ја одбележи сезоната во НБА лигата, премина во редовите на актуелниот вицешампион и голем ривал на Селтик во Источната конференција, екипата на Кливленд. Мелкумина очекуваа ваков расплет на настаните, односно двата тима да си ги заменат своите организатори на играта – Кари Ирвинг за Томас.

Тоа немаше никаква смисла, а и понатаму нема. Секогаш се прашувам: Зошто ова мораше да се случи? Ова е трејд кој се случува само на игрите, но не и во вистинскиот живот, но ете се случи, додаде Ајзеа.

Очигледно е дека за Бостон го поврзуваат само убави спомени. Томас сепак истакна дека за еден човек ја "затворил вратата". Во прашање е генералниот менаџер на "селтикси", Дени Ејнџ.

За Бостон ме врзуваат само убави спомени, но мислам дека никогаш повеќе нема да зборувам со Дени. Тој направи многу лоши работи за мене во последниот период. Не сакам да го навредувам, но во оваа ситуација секој кошаркар порано или подоцна ќе се откаже од него, заврши 28 годишниот кошаркар на Кливленд.

Поврзани

Најнови вести

Коментари