Историска победа за Лина Ѓорческа на Австралија Опен

Видео: Во Мелбурн ечеше "Македонија, Македонија!"

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја забележа првата историска победа на грен слем турнирите, откако славеше во квалификациското коло на Австралија Опен над Американката Саша Викери со 2:1 во сетови

Со оваа победа таа стана првата Македонка која триумфирала на еден од четирите грен слем турнири.

Нашата тенисерка уште од стартот ја покажа желбата за победа на овој дуел против 18-та носителка во квалификациите. Првиот сет го доби лесно со 6:2. Во вториот сет имаше предност и од 3:1, но сепак дозволи противничката да направи пресврт, па го загуби со 3:6, за повторно да доминира во третиот сет за победа од 6:3.

Лина Ѓорческа мечот го заврши со 11 аса, со освоени вкупно 99 поени, наспроти противничката која имаше 93 освоени поени. Нашата тенисерка имаше и 70% успешност на првиот сервис, наспроти 65% на Американката.

По последниот поен и победата на Ѓорческа, на теренот број 22 во Мелбурн, одекна „Македонија, Македонија". Во второто квалификациско коло, нашата најдобра тенисерка ќе игра против Далма Галфи од Унгарија, која е рангирана на 160 позиција на ВТА листата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари