Британците ја открија новата афера на српскиот тенисер

Ѓоковиќ имал љубовна авантура со готвачката на Серена Вилијамс!

Поранешниот светски тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, повторно се најде на страниците на жолтиот печат во Британија, кои ја обелоденија неговата нова љубовна аватура, овој пат со готвачката на сестрите Серена и Венус Вилијамс.

Станува збор за Лорен вон дер Пул, која е експерт за здрава храна. Но, таа веднаш дематирашеа дека била во било каква љубовна аватура со српскиот тенисер и дека тие двајца се само добри пријатели.

-Новак е многу добар дечко, многу згоден. Но, јас само му помогнав околку неговата исхрана и желбата да успее во тоа, ништо друго. Тој е мојот голем пријател. Јас не сум таков тип на личност, да влезам во авантура со оженет маж, изјави готвачката.

Новак и Лорен се запознаа во 2012 година, кога таа му даде неколку совети околку веганската исхрана. Лорен, која има 33 – години, дипломирала во Лос Анџелес и Париз и важи за една од најдобрите во своката област.

Служеше на најголемите светски настани, како Олимписките игри, доделување на оскарите и тенискиот турнир во Вимблдон. Лорен и Ноивак се фотографираа во 2015 година за време на мастерс турнирот во Мајами, а готвачката оваа фотографија ја постави на својот профил на социјалната мрежа "Инстаграм" и под неа напипа: "Она кога светскиот број еден е ваш голем фан"

Поврзани

Најнови вести

Коментари