Велешанецот Дејан Стефановски е новата ММА ѕвезда

Ги нокаутира противниците додека да трепнат

Последната професионална борба Стефановски ја имаше во Загреб, против Босанецот Синиша Дамјановиќ, кого го нокаутира во 57- та секунда.

Велешанецот Дејан Стефаноски е на добар пат да стане голема ѕвезда во боречките спортови. Ова младо момче зад себе има вкупно 7 борби (6 победи и еден пораз). Тој има освоено интернационален шампионски појас во ММА (мешани борачки вештини), прв ваков појас во Македонија од Интернационален карактер. Последната професионална борба Стефановски ја имаше во Загреб, против Босанецот Синиша Дамјановиќ, каде што извојува победа со технички нокаут уште во 57-мата секунда.

Но, најголемиот предизвик за него допрва претстои. Тој во мај годинава ќе се бори со сериозен и искусен противник Стамати Мурулис.

-Следната, многу значајна борба за мене ќе биде во Солун, Грција, во мај, против сериозен и искусен противник Стаматис Мурулис. Тој зад себе има 9 победи и два пораза, вели Стефаноски, кој веќе ги почна интензивните тренинзи во Штип, од каде подоцна ќе замине во Дизелдорф, Германија, каде ќе ги одработи последните подготовки за борбата против предизвикувачот.

-Мојата цел е да станам европски шампион во ММА, а главна цел е да се натпреварувам во најпознатата и најпрестижна организација во светот УФЦ, заврши Стефаноски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари