Куп на Македонија

Гевгелија и Прилеп му се приклучија на Вардар во 1/2 финалето

Тимовите на Гевгелија и Прилеп му се приклучија на актуелниот првак ЖРК Вардар во полуфиналето од женскиот ракометен Куп на Македонија.

Вардарки со 38:18 славеа над „сестринскиот" тим Вардар СЦЈС и обезбедија пласман во полуфиналето, додека Гевгелија и Прилеп во четвртфиналните дуели беа поуспешни од Овче Поле и Пелистер.

Гевгелија како домаќин го совлада Овче Поле со 22:18, додека Прилеп како домаќин без поголеми проблеми, со убедливи 38:28 славеше над младиот тим на Пелистер.

Последниот четвртфинален натпревар меѓу Куманово и Металург е презакажан за в среда.

Четвртфинале (еден натпревар)

Вардар –:Вардар СЦЈС 38:18
Куманово – Металург (среда)
Прилеп – Пелистер 38:28
Гевгелија – Овче Поле 22:18

Поврзани

Најнови вести

Коментари