ТОЛКУ ОД АВАНТУРАТА ВО ИНТЕР

Габигол колега на Ристовски

Агентот на младиот напаѓач потврди дека неговиот клиент веќе неколку дена седи на преговарачката маса со челниците на португалскиот клуб

Бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Габриел Барбоса, најверојатно ќе биде нов тимски колега на македонскиот интернационалец од редовите на португалскиот прволигаш Спортинг од Лисабон, Стефан Ристовски.

Агентот на младиот напаѓач потврди дека неговиот клиент веќе неколку дена седи на преговарачката маса со челниците на португалскиот клуб.

Иако беше ангажиран за 30 мил. евра, поранешниот фудбалер на бразилскиот гигант Сантос, во изминатата сезона одигра само 104 минути.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари