Француски скијач загина на тренинг

Францускиот скијач Давид Паизон (35) починал од повредите со кои се здобил по падот на спуст тренингот во канадскиот ски центар Накиска, соопшти националниот Сојуз.

Најголемите успеси во кариерата Паизон ги постигна на СП во 2013 година во Шладминг кога го освои сребрениот медал во спуст, а во истата дисциплина две години подцна на СП во Санта Катерина го освои бронзениот медал.

Единствената победа во кариерата ја забележа минатата година на најпрестижната спуст трка во австриски Кицбил.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари