Според „Вилијам Хил"

Франција ќе биде шампион, Лазаров најдобар стрелец

Доколку може да и се верув на најпознатата светска обложувалница Вилијам Хил, ракометната репрезентција на Франција ќе го осови златниот медал на Светското првенство, кое ќе се одржи во нивната земја.

Коефициентот за победа на „триколорите" на шампионатот е 2.00, додека втор фаворит е репрзнтацијата на Данска со коефициент 5.00, а трет Шпанија со квота 7.50. Меѓу првите пет фаворити за златен медал се и репрезентациите на Хрватска (12.00) и Полска со коефициент 29.00.
Македонија е меѓу аусајдерите за освојување на првенствоо, бидејќи коефициентот е 151.00, исто колку што е и за Бразил. Зад „црвено – жолтите" се репрезентациите на Египет, Тунис, Аргентина, Бахреин, Јапонија, Ангол, Чиле и Саудиска Арабија.

Што се однесув до победникот во групата Б, тоа е репрезентацијата на Шпанија со коефициент 1,28, потоа следат Словенија (6.00), Исланд (9.00), Македонија (21.00), Тунис (26.00) и Ангола со коефициент 151.00.

Но, Македонија добро котира на листата за најдобар стрелец на првенството. Кпитенот на „црвено – жолтите", Кирил Лазаров е трет фаворит за најдобар стрелец на шампионатот со коефициент 9.00, прв е репрезентативецот на Данска, Микел Хансен со коефициент 5.00, а втор Шпанецот Валеро Ривера (8.00). Лазаров третата позиција ја дели со Словенецот Блаж Јанц (9.00). Меѓу најголемите фаворити за прв стрелец на првенството се уште Германецот Уве Генсхакмер (11.00) и Исланѓанецот Влур Сигурдсон со коефициент 12.00.

Поврзани

Најнови вести

Коментари