СП во ракомет

Франција го прегази Бразил

Ракометната репрезентација на Франција уште на стартот од Светското првенство ја покажа својата моќ. „Триколорите" во првиот натпревар ја торпедираа репрезентцијата на Бразил со 31:16.

Бранителот на титулата уште по првото полувреме ја обезбеди победата, откако направи предност од десет гола 17:7. Во вториот дел избраниците на селекторот Дидие Динар само ја зголемуваа азликата и покажаа дека се најголеми фаворити за златниот медал.

Најпрецизен на дуелот беше Валентин Порт со шест голови, додека Гигу, Карабатиќ, Њокас и Нарцис постигнаа по три. На голот маестрален беше Тиери Омејер, кој за едно полувреме нанижа 15 одбрани, а неговата мисија во вториот дел ја продолжи Жеррд со 9 интервенции. Кај Бразил,Толедо беше најсветла точка со 5 погодоци.

Најнови вести

Коментари