(Фото) Кузмановски и Манасков загубиле облог, па со нови фризури ќе го продолжат европското првенство

Македонските ракометари ја завршија првата фаза со реми против европскиот првак Германија, по што главната фаза од Европското првенство, која ќе се игра во Вараждин, ќе ја започнат со бодовна предност пред останатите тимови.

По големиот резултат кој ни донесе прво место во групата во Загреб, двајца репрезентативци добија нови фризури.

Станува збор за крилниот играч Дејан Манасков и нашиот млад бек, Филип Кузмановски, кои се потрстижаа на „кец“, поради, како што напиша Манасков на својот инстаграм профил, загубен облог. Во ова очигледно се приклучил и пикерот Стоилов, но неговиот имиџ беше сличен и претходно, па ова за него на некој начин е само обновување на досегашниот изглед. „Нова фризура! Кладба си е кладба“, напиша Манасков на социјалните мрежи во пролог на фотографијата.

Како што пренесоа спортските медиуми, облогот меѓу репрезентативците бил дека Македонија ќе заврши на прво место во групата.

Македонија во вториот круг пренесува три бода, а прв ривал во Вараждин ќе биде репрезентацијата на Шпанија. Во останатите два натпревара нашите ракометари ќе ги одмерат силите со селекциите на Чешка и Данска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари