КЛУБОВИТЕ ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА СП СО 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

ФИФА попушти под политички притисок

ФИФА на последниот состанок во Цирих донесе едногласна одлука според која, Мундијалот во 2026 година, се проширува за осум места, но таквиот потег експресно беше осуден од ЕЦА

Европската клупска асоцијација (ЕЦА) смета дека политичките причини се покажале како клучни околу одлуката на Светската фудбалска организација (ФИФА), дури 48 репрезентации да бидат дел од Светското првенство во 2026 година.

ФИФА на последниот состанок во Цирих донесе едногласна одлука според која, Мундијалот во 2026 година, се проширува за осум места, но таквиот потег експресно беше осуден од ЕЦА.

Не ја гледаме причината поради која мора да се направи некаква промена на моменталниот формат. Докажано е дека учеството на 32 репрезентација е совршена формула. Вистинското прашање е зошто се избрза со една толку важна одлука, девет години порано. Одлуката е донесена поради неколку политички причини и под голем политички притисок, а на нас многу ни е жал што е така. На следниот состанок ќе бидат дефинирани следните чекори, стои во официјалното соопштение на ЕЦА.

ЕЦА, која ја има поддршката на европските гиганти, Барселона, Баерн (М), Реал (М) и Манчестер Јунајтед, изминатиот месец се спротистави на идеата за проширување и јавно застана против првиот човек на Светската фудбалска организација, Џани Инфантино, кој успеа во намерата да издејствува СП со 48 репрезентации.

Поврзани

Најнови вести

Коментари