Фетел со пофални зборови до својот ривал

Хамилтон е премногу надарен!

Пилотот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, кој моментно е водечки во генералниот пласман во Формула 1, го пофали својот главен конкурент за титулата, Британецот Луис Хамилтон, истовремено истакнувајќи дека возачот на Мерцедес не е непобредлив

Се сеќавам на Луис од 1999 година. Тој беше трет на Европското првенство во картинг, а притоа претставниците од мојот тим за него велеа дека ќе има голема иднина. Нашиот прв голем дуел на патеката беше во Формула 3. Јас бев новајлија, а за Хамилтон тоа беше втора сезона. Немав речиси никакви шанси за добар пласман, но неколку пати му се придружував на подиумот, изјави Фетел.

За разлика од тогаш, Германецот моемнтно е далеку поконкурентен во однос на Хамилтон, а за тоа покажува и фактот дека е лидер во генералниот пласман со 202 бода, 14 повеќе од Британецот.

Луис е навистина брз и премногу надарен возач. Никогаш не му беше проблем да се прилагоди на брзината и условите на патеката. Тој секогаш е на врвот, но не е непобедлив, наведе Фетел.

Наредната трка ќе се вози на 27 август, кога на програмата е Големата награда на Белгија.

 

Најнови вести

Коментари