Куп на Македонија (1/4 финале)

Фени индустри го прегази АВ Охрид

Кошаркарите на Фени индустри се пласираа во полуфиналето во Купот на Македонија, откако во салата „Јасмин" во Кавадарци победа против екипата на АВ Охрид со 112:69 (24-12,28-19,34-20,26-18)

Најефикасен во победничкиот состав беше Чешковиќ со 20 постигнати поени, 18 постигна Николовски, додека на спротивната страна Американецот Брукс беше единствен расположен за игра со постигнати 37 поени, плус и 10 скока и пет асистенции.

Прв полуфиналист во Купот на Македонија е Карпош Соколи, кој претходно славеше против Вардар.

Најнови вести

Коментари